Колев: Дајте фудбал!

Откако ги забележа своите први настапи за Шкупи по паузата поради тешката повреда, Костадин Колев со нетрпение чека повторно да го облече и дресот на Бутоп. Го замоливме да не снабди со нов „апдејт“ за тоа до каде е со повредата и со конечниот камбек на терените.

  • Пред извесно време почнав со тренинзи, а веќе имам и неколку настапи за Шкупи во новата сезона. Сепак, минутажата ми е намалена затоа што стручниот штаб не сака премногу да ризикува со мојата состојба.
  • Значи со Шкупи продолжува стандардната шема?
  • Да, да. Имаме пет победи во исто толку натпревари, последната беше над СЕЕУ, а во следните две кола не чекаат дерби пресметките со Железарец и Велес.
  • Се враќаш ли и во Бутоп?
  • Едвај чекам! Дајте веќе да одиграме некоја партија. За Бутоп сум секогаш подготвен. Притоа сакам да напоменам дека одлучив во наредниот период да не бранам секој ден по термини. Едноставно сакам да се посветам само на Шкупи и на Бутоп, а за понатаму ќе видиме.
  • Повредата е минато?
  • За жал, не сосема. Доживеав вистинско разочарување откако, по најновите снимки што ги направив во една приватна болница, ми беше соопштено дека операцијата на прстот не била успешна. Сега две коски на самиот прст ми се сраснати една со друга наместо да се поврзани со зглоб! Затоа не можам ниту да го исправам, ниту да го свиткам прстот.
  • И сега?
  • Ги чекам советите за понатаму. Ова не може да се реши само по себе. Најверојатно ќе треба да одам на нова операција, во спротивно ќе ми остане вака…
  • Добро Коки. Како и да е, ако можеме на било каков начин да ти помогнеме, тука сме…
  • Фала. Знам дека ја имам вашата поддршка, а во моментов најмногу ќе ми помогнете ако закажете некој натпревар. Ми се игра фудбал! – рече за крај Костадин Колев во ова кратко интервју за нашата веб-страница.

Comments are Closed