Марта изминува, административни проблеми, уште сме надвор од терените

 

Полека изминува месецот март, кој статистички е еден од најплодните и најсреќни месеци за нашиот тим. Овој факт се потврдува со скорот на 26-те натпревари што сме ги одиграле во овој месец: 15 победи, 1 нерешена и 10 порази.

Сепак оваа година се уште немаме натпревар во март (последниот ни беше на 26.02 и победата над ЖБ 91-2, 7-6), а една од причините (покрај здравствениот билтен) се и административните проблеми со кои се соочуваме. Имено, дојде до одреден спор со ОУ Живко Брајковски околу исполнувањето на обостраните обврски за термините во спортската сала Антон Димитров. Се надеваме дека во наредниве денови ќе дојде до промени во оваа статус кво ситуација од која досега имавме само загуби.

Добра вест е што нашите апели за катастрофалната состојба на „Антон Димитров“ конечно допреа до надлежните, па во изминатиот период комплетно беа сменети прозорците во салата, а беа ставени и нови врати. Се надеваме дека реконструкцијата ќе продолжи и ќе ја опфати и внатрешноста на салата, тука пред се мислиме на подлогата.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Марта изминува, административни проблеми, уште сме надвор од терените




Comments are Closed