Кире со златната копачка за изминатата сезона

Кирил Смиљковски го понесе епитетот најдобар стрелец на Бутоп за сезоната 2015/2016.

kire i jas

 

 

 

 

 

 

 

Изминатава сезона не учествувавме на ниту еден турнир, па златната копачка беше доделена по поинакви критериуми, а не по вообичаените – бројот на турнирски голови. Тоа е втор ваков случај по сезоната 2007/2008 кога Енис Пепиќ ја освои оваа награда. Затоа во официјалната статистика не стои број на постигнати погодоци. Во ваков случај предничат решавачките голови во „тесните“ натпревари, бројот на голови и настапи и уште некои други фактори, а Кире успеа да го вкомпонира и искористи сето тоа и по првпат да стане најдобар стрелец на Бутоп во една сезона.

 

Следи список на најдобрите стрелци на Бутоп во досегашните сезони:

2007/2008: Енис Пепиќ – *

2008/2009: Дарко Костовски – 11

2009/2010: Јеткин Сезаир – 9

2010/2011: Јеткин Сезаир – 16

2011/2012: Дарко Костовски – 18

2012/2013: Кристијан Каравидов и Филип Цветковски – 5

2013/2014: Дарко Костовски – 3

2014/2015: Кристијан Велковски – 5

2015/2016: Кирил Смиљковски – *

zlatna kopacka

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Кире со златната копачка за изминатата сезона




Comments are Closed