Не помогна ни камбекот на Николиќ

Завчера, 16 октомври 2015, Бутоп забележа пораз од тимот на Мојсовски-Џезо со 11-6.

Противникот имаше предност во текот на целиот натпревар, со исклучок на моментот кога израмнивме на 1-1.

За нас настапија дури 8 играчи, а момент за одбележување е камбекот на Дарко Николиќ кој по подолго време заигра за Бутоп.

Или поточно, од 31 октомври 2013, кога влезе во игра, но како втор голман по повредата на Коки на мечот со Смиљковци (4-7).

Последен пат пак Даре настапил за нас, но како играч во поле, на 15 ноември 2012 во победата над Фокус, 13-8.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Не помогна ни камбекот на Николиќ




Comments are Closed