Пораз и од Каза Кубана

Бутоп забележа пораз на последниот натпревар на турнирот ТК МТП во Карпош. Подобри од нас беа Каза Кубана со 6-4 на тој начин продолжувајќи ја негативната традиција што ја имаме на средбите одиграни на 14 јуни.

Каза Кубана поведе од самиот старт со 2-0 и во текот на целиот натпревар ја имаше контролата, Бутоп се обидуваше да стигне, на крајот се испостави безуспешно.

Во натпреварот исполнет со голови, на листата на стрелците кај синиот тим се запишаа Кристијан Каравидов со два гола, а по еднаш стрелаа и Кристијан Велковски и Дарко Костовски.

За одбележување е и дебито на Горјан (популарниот Трајче) на турнирски натпревари за Бутоп кој го замени Коки на голманската позиција. Имаше неколку добри интервенции и покажа дека се работи за перспектива на скопскиот фудбал.

mtp 5

Comments are Closed