Андреј: Се чувствувам одлично

Изминатава полусезона поминува во знакот на столбот на одбраната на Бутоп – Андреј Димитровски. „Двојката“ на Бутоп вели дека физичката спремност му е на завидно ниво:

– Се чувствувам одлично! Кондициски сум подготвен да одговорам на сите предизвици и со голема желба го чекам секој нареден натпревар.

andrej

 

 

 

Една од главните причини за неговата подготвеност се тренинзите кои ги посетува во Крос-фит клубот во Скопје:

– Да. Станува збор за кратки тренинзи, но со голем интензитет. Клубот се вика Крос фит Скопје и таму научив многу работи кои ми помагаат во подготовките. Го препорачувам на сите спортисти и рекреативци. – продолжи Андреј.

09.02.2013

 

 

 

 

 

 

 

 

Кога го запрашав кои се неговите очекувања за наредниот период во Бутоп, тој само кратко одговори:

– Секогаш одиме на победа.

Comments are Closed