Сезаир: Едвај чекам да се вратам

Веќе неколку недели Јеткин Сезаир го користи слободното време за да одигра некој термин, најчесто во Зеф Љуш со Уличарите и ја чека приликата одново да настапи за Бутоп.

Добрата вест за играчите и навивачите на Бутоп е што Јеткин веќе нема проблеми со повредата на оперираното колено:

jetkin

 

 

 

 

– Не чувствувам болка во коленото. Таа повреда е минато. – изјави тој. Сепак ќе му биде потребно уште време за целосно да се опорави:

– Сега проблем ми е подготвеноста, одвреме навреме имам грчеви во ногата, но ќе биде подобро… – остана позитивен, но додаде – сепак криво ми е кога гледам дека сум ја загубил брзината, тоа навистина ми смета. Едвај чекам повторно да настапам за Бутоп. – заврши Јеткин во неврзан разговор во кој му посакав што побрзо враќање во нашиот дрес.

Д.К.

 

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Сезаир: Едвај чекам да се вратам




Comments are Closed