Зимски подготовки 2015

Веќе установената традиција на зимски подготовки продолжува. Ова е петта година по ред која ја започнуваме со јануарски подготовки.

Се започна во 2011, на 14 јануари, на теренчето Живко Брајковски, а таа година го користевме и игралиштето кај ОУ Климент Охридски, до Полицијата во Бутел . Наредните две години почнувавме на 11 јануари, а лани на 15 јануари.

Оваа година официјалниот старт ќе го имаме вечерва (11 јануари) со натпреварот против Славија. Велам официјален зашто голем дел од играчите веќе неколку дена работат индивидуално според програмата добиена од клубот.

За повеќе детали околу подготовките ќе се знае во наредните неколку дена, а првите десетина дена сигурно се одработуваат во Скопје, за евентуално „бегство“ во потоплите краишта ќе зависиме и од временските прилики.

Comments are Closed