Ротацијата на Бутоп

Една од карактеристиките на Бутоп е ротацијата на играчи во првиот тим.

Пред нешто повеќе од еден месец, на двата натпревари против Тамба-ламба (на 30 октомври и 6 ноември) и оној против Примавера на 13 ноември сме излегле со идентична прва постава: Грмуш, Анел, Андреј, Дарко, Кире, Кико.

На прв поглед тоа можеби и не е нешто необично, но неверојатен е податокот дека пред оваа мини серија, Бутоп за последен пат играл два последователни натпревара со ист прв состав на 28 август и 2 септември 2011! Тогаш на мечевите против Булачани (2-0) и Побожје  (3-7) стартувале:

1. Филип Пејков

4. Дарко Костовски

5. Харис Фекиќ

7. Кирил Смиљковски

8. Анел Курт и

11. Кристијан Каравидов.

Тоа е период од повеќе од три години, или 119 последователни натпревари на кои Бутоп излегувал со различна прва постава…

Comments are Closed