И со пораз напредувавме до топ 3
Лидерот во МЛ Албајрак Тенда сепак беше пресилен за Бутоп на завчерашниот натпревар од петтото коло кој заврши со конечни 4-7 во корист на нашиот противник. Нашите момци постојано се обидуваа да наметнат своја игра, но реално Албајрак држеше резултатска и играчка контрола во поголемиот дел од средбата па заслуженоRead More…
Дуелот со лидерот како патоказ за сезоната
Вечерва со одигрувањето на петтото коло се заокружува првата половина од Сезона 4 на Маалската лига, а програмата ја затвараат нашиот Бутоп и лидерот на табелата Албајрак Тенда. Натпреварот е закажан за 22:25 часот, а бутопци осоколени по двете победи во претходните кола ќе сакаат да си ги испробаат силитеRead More…
Среќен роденден Грмуш
Вчера (26.03.2024) својот триесет и прв роденден го прослави Кирил Ѓорѓиев – Грмуш. Тој е неизоставен член на Бутоп од самите почетоци на клубот. Во четири наврати беше голман на сезоната (2007/2008, 2018/2019, 2019/2020 и 2021/2022) и досега запиша 44 настапи. Му посакуваме се најдобро. Среќен роденден Грмуш!
Демант од Колев: Нема трансфер во Шпанија
Како гром од ведро небо вчера низ бутелските фудбалски кулоари се прошири веста дека нашиот Костадин Колев договорил трансфер во футсал клуб од Шпанија. Оваа информација кружеше во текот на целиот ден и разбирливо предизвика доста интерес, па моравме директно да го исконтактираме Коки и да ви го пренесеме неговиотRead More…
Тензично до трите бода
Вчерашниот натпревар против Алиенс во рамките на четвртото коло на МЛ донесе добар фудбал, но и многу тензија и позитивен исход за Бутоп, победа со конечен резултат 7-5. Нашите момци во поголемиот дел од средбата имаа минимална предност иако и противникот имаше што да каже на теренот. По неколку инцидентниRead More…
Повторно без резерва ќе бркаме бодови
Четврто коло во Сезона 4 на МЛ и четврти пат Бутоп ќе биде без замена на вечерашниот натпревар против Алиенс (21:00 часот). Уште една потврда дека периодов најголем проблем ни се отсуствата на играчите па едвај успеваме да собереме шестмина. Вечерва бутопци ќе играат во сина комбинација, а во составотRead More…
Познат ривал во четвртото коло – Алиенс
Утре не очекува нова битка во Маалската лига. На програмата се средбите од четвртото коло, а во него Бутоп се среќава со својот стар познаник, тимот на Алиенс. Двете екипи се дел од лигата од нејзината прва сезона и ова практично е дерби на староседелците во МЛ. Досега пет патиRead More…
Со тимска игра прекината негативната низа порази
Фудбалерите на Бутоп вчеравечер (14.03.2024) не дозволија израмнување на негативниот рекорд од шест порази по ред и го победија тимот на Ак. Ќерим во натпреварот од третото коло на МЛ. Конечниот резултат 6-4 дури и не ги отсликува случувањата на теренот затоа што нашите момци имаа резултатска контрола и комотнаRead More…
Ак. Ќерим – нова шанса за излез од кризата
Вечерва во 21:45 бутопци ќе му излезат на мегдан на тимот на Ак. Ќерим во обид да излезат од резултатската и играчка криза во која се наоѓаат. Во моментов сме во негативна серија од пет порази и евентуален нов неуспех би го израмнил клупскиот рекорд од шест последователни порази, којRead More…
Бутоп немоќен, нов пораз во МЛ
Нов пораз за нашите момци во второто коло од МЛ остварен во четвртокот (07.03.2024) во натпреварот со АММ-Тим. Конечните 7-4 се донекаде реален резултат затоа што не бевме ниту до крај разбиени, но сепак доволно надиграни од расположениот противник. За Бутоп настапија Смиљковски, Каравидов, Вукељ, Вучевски, Волчевски, а на голотRead More…