Известување до јавноста (12.03.2020)

ФК Бутоп како општествено одговорна екипа ја известува јавноста дека ги прекинува своите активности на неопределено време. Ние веќе извесен период бевме на неофицијална пауза, но по последните мерки на Министерството за здравство и темпото со кое се развиваат настаните со коронавирусот се одлучивме на ваков потег. Досега во повеќе наврати сме покажале дека сме отпорни на се и сешто и најчесто нашиот одговор бил „играње фудбал“. Таков беше случајот пред точно четири години (март 2016) кога поради безбедносната ситуација во главниот град околу немирите во Бутел при изградбата на крстот, во сила беше одлука за забрана за фудбал. Тогаш ние покажавме дека фудбалот е поголем од политиката, па на 6 март одигравме натпревар против локалниот ривал Албион Север. Сепак, овојпат најважно е здравјето, па ќе мора да почекаме некое време.

Comments are Closed