На денешен ден низ историјата (13 март)

Паузата од играње натпревари ни остава простор да се позанимаваме со минатото. На денешен ден сме одиграле четири средби, со половичен успех, по две победи и порази и гол разлика 27-27. Во првите три сезони од постоењето имавме натпревари против Големите Уличари на Анел, Јеткин, Пинки. Тие, иако наши првотимци и полноправни членови уште од 2008 година, си функционираа како ГУ на фудбалскиот терен, но уште поважно и надвор од него. Во тие почетни сезони големиот фонд на играчи и слободното време (кое го имавме повеќе, нормално) ни овозможуваа да одиграме против оваа култна група од Топанско, а статистиката од тие натпревари влегува во наследството на Бутоп. Во 2010 година, пораз од ГУ, 5-1. Веќе наредната 2011 година ќе биде одбележана со нашиот настап на Пролетната лига во мал фудбал во Ново Лисиче, а токму на денешен ден се одигра првото коло во кое загубивме 2-8 од Аутсајдери. Уште еден пример за мешање играчи и „братско дерби“ се натпреварите со Примавера. Тие беа актуелни во тој некој втор четиригодишен циклус, па така во 2014 на овој датум доаѓа нашата победа од 10-8 над младинците на Примавера. За нив често играа Даре, Мето, Марио, Коки, практично (повторно) играчи на Бутоп. За крај, 2016 година, победа од 14-6 над нашиот локален ривал Албион Север. Или во табела:

13.03.2010 Бутоп 1-5 Големи Уличари
13.03.2011 Бутоп 2-8 Аутсајдери
13.03.2014 Бутоп 10-8 Примавера
13.03.2016 Бутоп 14-6 Албион Север

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on На денешен ден низ историјата (13 март)




Comments are Closed