Зимските подготовки почнуваат на 8 јануари (понеделник)

Зимските подготовки на Бутоп за оваа 2018 година ќе започнат в понеделник, 8 јануари. Првата прозивка и тренинг традиционално ќе се одржат на старото теренче во дворот на ОУ Живко Брајковски во Бутел 1, со почеток во 14:30 часот. Тогаш на фудбалерите ќе им бидат соопштени деталите за распоредот и содржината на тренинзите. Она што засега е сигурно е дека во првите четири-пет дена тренинзите ќе започнуваат во истиот термин (14:30) и на истата локација.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Зимските подготовки почнуваат на 8 јануари (понеделник)




Comments are Closed