Колев е шампион на Македонија!

Костадин Колев е шампион на Македонија! Завчера вечер (сабота, 20 мај) во преполната сала Енвер Идризи во Чаир, пред околу 700 гледачи, Шкупи дојде до својот прв трофеј во македонското првенство откако одигра нерешено (3-3) со тимот на Велес. Ова беше вистинско дерби полно со пресврти. Водеше Шкупи (1-0), а до полувремето Велес сврте на 1-2. Во вториот дел Шкупи направи нов пресврт за 3-2, а гостинот до крајот успеа само да израмни. Коки уште во својата прва сезона во футсал првенството се закити со драгоцениот пехар. Честитки!!!

 

 

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Колев е шампион на Македонија!




Comments are Closed