Зимските подготовки почнуваат на 10 јануари (вторник)

Зимските подготовки на Бутоп оваа година ќе започнат во вторник, 10 јануари. Првата средба и тренинг вообичаено ќе се одржат на теренот за мал фудбал во дворот на Основното Училиште Живко Брајковски во Бутел 1, со почеток во 14:30. Првите денови со сигурност се одработуваат во Скопје, најверојатно со по еден тренинг во истиот термин (14:30). Плановите за понатамошниот тек на тренинзите ќе зависи и од временските услови во земјава, а вие ќе бидете благовремено известени за сите детали на овој веб сајт. Ова се седми по ред јануарски зимски подготовки на нашиот тим, а традицијата почна на 14 јануари 2011-та на истото теренче на кое стартуваме и овој вторник.

dscn6147

 

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Зимските подготовки почнуваат на 10 јануари (вторник)




Comments are Closed