Промени во плановите

Почитувани,

Пандемијата на коронавирусот донесе многу поместувања во светот на спортот, а не не заобиколи ни нас. Повеќе од јасно е дека и ФК Бутоп трпи од оваа ситуација, но немаме намера да се откажеме. Вести во 6 точки:

  • Здравјето како врвен приоритет. Тоа јасно го покажавме уште на почетокот на пандемијата. Нашите фудбалери се придржуваат до пропишаните мерки.
  • „Кота 14“ повторно наша врвна цел. Навистина не ни помислувавме дека сезонава може да биде доведено во прашање исполнувањето на Кота 14, но ете, во моментов сме заглавени на 13 одиграни натпревари. До крајот на јуни уште барем еден меч? Ќе го одиграме.
  • Проекцијата недостижна. Нашите планови велеа дека сезонава можеме да дојдеме и до 25 одиграни натпревари, но тоа се чини е невозможно.
  • Новата гарнитура ќе доцни. За жал повторно мораме да го пролонгираме претставувањето на новите дресови. Подготовката и финансиската конструкција беа речиси пред крај и презентацијата требаше да биде најдоцна до крајот на мај. Сепак ќе мора да почекаме уште малку.
  • Ќе почекаат и Кико и Коки. А, за влез во клубот 100 ќе мора да се стрпат Велковски и Колев. Двајцата се со по 98 настапи.
  • Индивидуален тренинг. Нашите фудбалери многу добро знаат што значи тоа „индивидуален тренинг“. Тоа е една од специјалностите на Бутоп. Затоа, немаме сомнежи дека кога сето ова ќе заврши, ние ќе бидеме во предност во однос на другите екипи.

Comments are Closed