Бранете се од корона ко Грмуш меѓу стативи!

Во период кога повеќето луѓе и спортисти мора да останат дома поради пандемијата на корона вирусот пристигаат пораки и идеи од сите страни за тоа како да се однесуваме во овој своевиден карантин. Разговаравме со нашиот голман Грмуш и го замоливме да упати порака до нашите фанови и јавноста во целост. Не се мислеше многу: „Бранете се од корона ко Грмуш меѓу стативи!“ – започна во свој стил. Потоа во нешто посериозен тон продолжи: „И јас постојано сум дома. Физичката форма ја одржувам со некои, да ги наречам, домашни вежби. Се фокусирам на здравјето и пробувам да го зајакнам имунитетот. Едноставно, сите сме заедно во битката со болеста!“ – беше краток и јасен популарниот Грмуш.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Бранете се од корона ко Грмуш меѓу стативи!




Comments are Closed