Пролетниот дел отворен со пораз по неверојатен пресврт

Бутоп ја започна 2024 година и пролетната полусезона со минимален пораз (7-8) од Бутел Илхан Р. Нашите момци воспоставија контрола на играта и резултатот од самиот почеток и имаа водство (4-0). Ништо не се промени ни во продолжението и се чинеше дека победата е извесна, но не беше така. По неколку наши грешки во последните десетина минути противникот се врати во игра (6-5). Ние на пет минути пред крајот се вративме на плус 2 (7-5), но следеше тензичен финиш во кој не се снајдовме добро и откако Бутел Илхан за првпат дојдоа до егал (7-7), последниот наш напад беше пресечен за контра и победнички гол на црвените.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Пролетниот дел отворен со пораз по неверојатен пресврт




Comments are Closed