Со фул состав во дербито со Алиенс

Бутоп вечерва во 20:30 часот се среќава со тимот на Алиенс во натпревар кој е дерби на Маалската лига затоа што двете екипи се дел од ова натпреварување од самиот почеток. Вкупно четири пати игравме со нив и скорот е изедначен, по две победи. Денес за нас ќе настапат сите планирани првотимци: Костовски, Димитровски, Курт, Смиљковски, Каравидов, Велковски и веќе стандардниот Чаковски, кој ни е позајмен од Сент Патрик за оваа сезона во МЛ. Оваа средба е веројатно наша последна шанса со победа да се вмешаме во борбата за плејоф, а воедно и прилика по трите воведни порази да ги освоиме првите бодови.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Со фул состав во дербито со Алиенс




Comments are Closed