Пораз од Радишани иако бевме блиску до пресврт

Бутоп забележа уште еден пораз во Маалската лига откако синоќа подобар од нас беше тимот на Радишани со конечни 9-5. Радишанци имаа комотно водство на полувремето (5-1) и кога сите помислија дека ќе ни се повтори приказната од првите две кола кога се распаѓавме во вторите полувремиња, се случи спротивното. Бутоп заигра поагресивно и успеа да намали на минус еден (6-5) и во финишот бевме во игра за бодови. За жал, до конечен пресврт не дојде, па противникот не казни и дојде до победа која ги однесе до второто место на табелата. За нас настапија: Костовски (на голот), Димитровски (1), Курт (1), Смиљковски (1), Каравидов, браќата Вукељ и Вангеловски (2).

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Пораз од Радишани иако бевме блиску до пресврт




Comments are Closed