Уште еден тежок пораз на јубилејот

Бутоп забележа уште еден тежок пораз во рамките на второто коло на Маалската лига, и тоа на својот јубилеен 400 натпревар. Вчеравечер (29.09.2022) Алиенс беа поуспешни со конечни 10-3. Интересно е што резултатот на полувремето беше 6-1, идентично како во првото коло против Лукс кафе, а тогаш на крај беше 11-3. Бутопци вчера поведоа на почетокот, но потоа со два гола од корнер дозволија противникот да го сврти натпреварот и враќање немаше. За нас настапија Колев, Курт, Смиљковски, Велковски, Костовски и Вангеловски во стартниот состав, а подоцна влезе и Каравидов.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Уште еден тежок пораз на јубилејот




Comments are Closed