Главата горе момци! Македонија игра одличен фудбал

Македонската репрезентација не успеа да ја мине последната препрека на патот кон Светското првенство во Катар. Португалија беше поуспешна од нашите момци на завчерашниот натпревар (29.03.2022) одигран на Драгао во Порто со конечни 2-0. Стрелец на головите беше играчот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш. Сепак, жолто-црвените прикажаа одлична игра, борбеност, храброст и подготвеност да се носат со една од најсилните светски екипи. Радува тоа што Македонија игра модерен фудбал и поседува квалитет и за најголемите предизвици. Затоа и покрај поразот, им се заблагодаруваме на нашите фудбалери! Главата горе! Нека ова биде поттик за уште повеќе успеси во наредниот период.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Главата горе момци! Македонија игра одличен фудбал




Comments are Closed