Прв пораз по пет месеци, Немилосрдни ни ја прекинаа фантастичната серија

Тимот на Немилосрдни  вчеравечер (24.02.2022) успеа да ја прекине нашата серија на непобедливост која траеше цели пет месеци (десет натпревари) забележувајќи убедлива победа од 15-8. Нашите момци не можеа да одговорат на енергичноста и притисокот на противникот. Почетокот ни припадна нам и за брзо време поведовме со 3-0. Следеше  пресврт со шест гола по ред на Немилосрдни (3-6). Ние возвративме со три гола (6-6), а потоа за краток период дојде голем пад во нашата игра и нови четири примени гола, по што се до крајот беше само формалност и исчекување на конечниот резултат. За Бутоп настапија играчите кои ги најавивме вчера, а средбата се одигра во балонот кај Рајко Жинзифов од 20:00 часот.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Прв пораз по пет месеци, Немилосрдни ни ја прекинаа фантастичната серија




Comments are Closed