Колев: Се враќам во Бутоп, сакам да сум поредовен

Како што беше најавено уште минатата недела, Бутоп пролетната полусезона ќе ја започне со натпревар против Немилосрдни, кој сега и официјално е закажан за четврток, 24 февруари. Во составот очекуваме да се најде и Костадин Колев, но она што тој го изјави во вчерашниот разговор за butop.info е супер вест за нашите фанови: „Овојпат се враќам, но со цел да бидам поредовен и со поголема минутажа. Во моментов ги прекинав контактите со тимот на Арбен Бајрами и немам ангажман во футсал. Паднат сум во форма, но многу мотивиран и подготвен да се посветам на старата љубов Бутоп.“  – рече Колев и додаде дека има понуди од неколку тимови за договарање евентуални термини со нашиот тим.   

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Колев: Се враќам во Бутоп, сакам да сум поредовен




Comments are Closed