Информација за зимските подготовки

Ја информираме јавноста дека зимските подготовки на ФК Бутоп оваа година ќе започнат најдоцна досега. Главната причина е потребата да им дадеме на играчите доволно време за одмор по напорната 2021 година. Истотака, измена ќе има и во планот и времетраењето на базичните подготовки, па наместо вообичаените три недели тие ќе траат десетина дена, по што фокусот ќе биде ставен на натпреварувачкиот дел. Почетокот треба да биде во текот на наредната недела, а точниот датум дополнително ќе го објавиме.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Информација за зимските подготовки




Comments are Closed