Рапсодија во сино: Бутоп го прегази Дарко ФФМ

Фудбалерите на Бутоп вчера (16.12.2021) приредија фудбалско шоу кое ќе се прераскажува долго време победувајќи го тимот на Дарко ФФМ со конечни 13-4. Судиите никако не можеа да најдат противигра за расположените бутопци, а нереално звучат оние 11-0 кои ги имавме на десет минути пред крајот на терминот. Средбата од страна ја следеа петнаесетина луѓе од кои можеше да се слушне: „Овие играат како Ајакс!“ Дополнителен коментар не е потребен. За нас настапија Илхан, Фичо и дебитантот Мифтар (на гол) како позајмени играчи од екипата на Илхан, како и искусните Димитровски, Костовски и Велковски, но и веќе стандардниот Даниел. Натпреварот се одигра во балонот кај ОУ Рајко Жинзифов од 20:00 часот.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Рапсодија во сино: Бутоп го прегази Дарко ФФМ




Comments are Closed