Полусезона што не враќа на старите патеки

Тековнава полусезона иако незавршена веќе е најплодна по бројот на одиграни натпревари во последните седум есенски полуетапи. Од 2015 наваму ова е само вторпат да играме двоцифрен број натпревари во првата половина од сезоната, откако во 2016 имавме десет. До овој момент сезонава одигравме единаесет средби со одличен скор од осум победи, едно реми и два порази. Ова потсетува на годините кога знаевме да одиграме и по дваесетина и повеќе натпревари во една полусезона. Полека но сигурно Бутоп се враќа на старите, победнички патеки.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Полусезона што не враќа на старите патеки




Comments are Closed