Немилосрдните само не успорија

По огромна борба и натпревар полн со пресврти, Немилосрдни вчеравечер (29.11.2021) успеаја барем да го подзапрат победничкиот налет на Бутоп играјќи нерешено 8-8. Со ова, иако не е продолжена победничката серија, продолжува непобедливоста на сините во низа од седум средби. Бутопци играа без класичен голман и со двајца дебитанти во составот, Нео и Фичо, играше и Даниел, а од поискусните тука беа Велковски, Димитровски и Смиљковски. Овој комбиниран состав мораше контролата на играта и диктирањето на темпото да им ги остави на противникот, но не недостасуваше борбеност кај нашите момци кои и покрај негативата од три гола дојдоа до израмнување на пет минути пред крајот. Натпреварот се одигра во балонот кај ОУ Рајко Жинзифов со почеток во 20:00 часот.

Comments are Closed