Малку историја: победничките серии

Тековната победничка серија од шест победи по ред не натера да ги разгледаме историските книги и рекорди. Во својата богата историја Бутоп има две серии од по десет последователни победи и тоа е се уште нашиот рекорд. Првата ваква низа е остварена во периодот 19 јануари – 11 октомври 2008, а втората од 26 септември до 26 декември 2009 година. Интересно е што во календарската 2012 година сме имале една серија од осум победи и уште една од седум, раздвоени со само еден пораз од тимот на Автокоманда. Од поновата историја ја паметиме серијата од седум триумфи на почетокот на 2016 година кога игравме термини со екипите на Албион Север и Мојсовски-Џезо. Инаку, најдолгата серија без пораз ни е од периодот 27 ноември 2008 -13 август 2009 година, кога не бевме поразени на четиринаесет натпревари по ред. Се надеваме дека победничката низа која ја имаме во моментов ќе продолжи и ќе влезе во овие историски записи.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Малку историја: победничките серии




Comments are Closed