Судиите немоќни, стекнуваме победнички навики

Ниту студеното време и лизгавите терени на СУГС „Никола Карев“ не го спречија Бутоп да слави нова победа над Дарко ФФМ на синоќешниот (11.11.2021) натпревар. Конечни 9-7 во средбата која започна во 22:30 на помошниот терен, а своето второ полувреме го имаше на главниот од двата терена кај Карев. Нашите момци одиграа солидно, иако со одредени падови во играта и грешки. Сепак доволно за нова победа. Настапија играчите кои ги најавивме вчера освен Матеј, а на голот се менуваа Костовски, Курт и Каравидов.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Судиите немоќни, стекнуваме победнички навики




Comments are Closed