Елиф и донесе победа на Македонија над Германија

Не е првоаприлска шега: Македонија го победи четирикратниот светски фудбалски шампион Германија на гости (Дуизбург) во натпревар од квалификациите за светското првенство во Катар догодина. Конечниот резултат гласи 2-1, а победничкиот гол на пет минути пред истекот на регуларното време го постигна Елиф Елмас! Последниот мартовски ден од оваа 2021 година ќе остане запаметен по мајсторското издание на Пандев, Адеми, Барди и сите останати кои се дел од македонската репрезентација. Нормално, нам ни е особено драго што Елиф веќе подолго време е неизоставен дел од оваа успешна приказна и што во најдобро светло го претставува бутелскиот фудбал пред светската јавност.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Елиф и донесе победа на Македонија над Германија




Comments are Closed