Македонија на Еуро, браво момци, браво Елиф

12 ноември 2020 година ќе остане запишан како светол ден во македонската спортска историја. Фудбалската репрезентација на Македонија ја победи Грузија во Тбилиси во финалето на Лигата на нации и со тоа избори пласман на европското првенство наредната година. Ова ќе биде прв настап за нас на едно големо натпреварување. Момците покажаа дека и овде се игра квалитетен фудбал, сега и Македонија е на европската фудбалска мапа. Огромен удел во овој успех има и едно „наше дете“: Елиф Елмас, гордоста на бутелскиот фудбал.

ФК Бутоп се приклучува кон честитките за нашите репрезентативци. Ви благодариме! И со среќа на европско. Браво момци, браво Елиф!

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Македонија на Еуро, браво момци, браво Елиф




Comments are Closed