Нашиот дом девет години без стативи

На денешен ден пред девет години (26.09.2011) општинските власти ги исекоа головите на теренчето во школскиот двор на ОУ Живко Брајковски, нашиот оригинален домашен терен. Со оваа објава како и секогаш потсетуваме дека не сме ги заборавиле поразите од системот кој во својата основа спортот го има како најневажна алка. Новиот мултифункционален терен (со должина од само 34 метри) за мал фудбал и кошарка иако нов, веќе не е функционален, затоа што и таму головите се извадени. Ги потсетуваме надлежните на нивното ветување за 40-метарско игралиште за мал фудбал на отворено во Бутел 1.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Нашиот дом девет години без стативи




Comments are Closed