Анел и Каро вечерва ќе го предводат младиот тим

Бутоп на вечерашниот натпревар (23:00, балон кај ОУ Пенко) против Бутел Илхан Р ќе биде предводен од искусните Курт и Каравидов. Двоецот кој комбинирано има преку 500 настапи за нашиот тим за поддршка ќе ги има момците од третата генерација: Валчанов, Диме Колев и Павле Шилегов, а на голот ќе дебитира и младиот Тео.

Бутел Илхан Р е тим со кој сме играле пет пати, скорот ни е 4 победи и 1 пораз. Четири од тие натпревари беа во воведната сезона 2007/2008, а уште еднаш игравме во сезоната 2013/2014.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Анел и Каро вечерва ќе го предводат младиот тим




Comments are Closed