На денешен ден… (22 август)

Август е месец во кој вообичаено доминираат турнирите во мал фудбал, но годинава, од познати причини, тоа не е случај. Да се потсетиме на натпреварите на нашиот клуб на денешен ден низ историјата. Сме играле три пати, со скор од една победа и два порази. Во 2009 на турнирот во Љубанци сме поразени 1-2 од тимот на Булачани. Наредната, 2010 година, победа од 5-1 против Бањани Србија, хет-трик на Кире, стрелци се и Анел и Јеткин. Овој натпревар има и историско значење затоа што е првиот официјален меч со името Бутоп. Во 2014 сме поразени 0-2 од Ла Тана на турнирот Скопје 2014 во СЦ Ново Лисиче.

Comments are Closed