Уште една победа за одјава од 2019 година

Бутоп синоќа (24.12.2019) забележа уште една победа над Екипа Чаир, овојпат со резултат 12-9. Овој натпревар повторно донесе подеми, но и падови во нашата игра, за среќа со позитивен конечен епилог. Сепак, ваквите изданија треба да ни послужат како патоказ за тоа што треба да поправиме во играта во пролетниот дел од сезоната. За нас настапија Грмуш на голот, Костовски и Валчанов во одбраната и Каравидов, Диме Колев и Енис во нападот. Во договор со противничкиот тим и со чуварот Африм се одлучивме на тринеделна пауза од овој термин, па очекуваме во Зеф Љуш да се вратиме на 14 јануари.

 

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Уште една победа за одјава од 2019 година




Comments are Closed