Задоцнетиот финиш недоволен ни за реми, Бакиов испиша историја

Бутоп вчеравечер (28.10.2019) загуби од Тамба-ламба со 8-7. Веројатно фер е да се каже дека не бевме надиграни, но противникот, особено на почетокот, ги искористи своите шанси и фактот што на нашиот гол принудно стоеше Костовски. На спротивната страна пак, Колев брилјираше и го спасуваше тимот на Тамба-ламба. По почетните 5-1 беше тешко да се вратиме во игра, но сепак делумно успеавме и во последните 3-4 минути имавме шанса дури и за израмнување. Како што најавивме, премината е границата од 2000 голови. Стрелец на јубилејниот погодок е играчот што вчера за првпат играше за Бутоп, Емир Бакиов, кој имаше среќа да се запише во историските книги на нашиот клуб. Емир игра во Третата МФЛ – Север, за тимот на Петровец. За Бутоп вчера настапија: Д. Костовски, Курт, Смиљковски, Велковски, Каравидов, Бакиов и М. Костовски.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Задоцнетиот финиш недоволен ни за реми, Бакиов испиша историја




Comments are Closed