Продолжуваме во стилот топло-ладно, вчера смрзнавме на ─5

Бутоп никако да врзе две победи. Вчера повторно загубивме од Екипа Чаир, овојпат со конечни 17-12. Не успеавме да ја повториме играта од минатата недела кога доминиравме на теренот, а тоа се покажа и на резултатот, па од тогашните +5 си се префрливме на ─5. Противникот поведе со застрашувачки 5-0 по што ни беше тешко да се вратиме во игра. Сепак, не се откажавме и дури дојдовме до еден разлика (10-9), но немавме сили за целосен резултатски пресврт. За нас настапија играчите кои ги најавивме во вчерашната објава.

 

 

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Продолжуваме во стилот топло-ладно, вчера смрзнавме на ─5




Comments are Closed