Подготовките почнуваат утре (20.01.2019)

Зимските подготовки на Бутоп ќе започнат утре (20 јануари) во 14:00 часот на теренчето за мал фудбал во дворот на ОУ Живко Брајковски. Добар дел од првотимците го најавија своето присуство на утрешниот собир, а оваа прилика ја користиме да ги поканиме и сите наши поддржувачи и пријатели. Можно е да дојдат и некои играчи со кои сме во финална фаза на преговори, како и неколку младинци. Утре на играчите ќе им биде соопштен деталниот план за тренинзите. Првите пет дена со сигурност ќе се одработат во Скопје.

Posted in АКТУЕЛНОСТИ | Comments Off on Подготовките почнуваат утре (20.01.2019)




Comments are Closed