March, 2024

now browsing by month

 

Колев ќе не брани од АММ-Тим

Бутоп вечерва (07.03.2024) во 20:00 часот го игра својот натпревар од второто коло на Маалската лига, а противникот е добро познат, АММ-Тим. Во претходните две изданија на МЛ одигравме вкупно три натпревари со позитивен скор две победи и пораз. Денес на голот на Бутоп по подолго време ќе се врати Костадин Колев, а во составот најавени се и Курт, Смиљковски, Каравидов, Волчевски, Вучевски и Вукељ.

Среќен роденден Јеткин

Вчера Јеткин Сезаир го прослави својот 31 роденден. Во фудбалските кругови популарно и со причина наречен Роналдињо, Јеткин долги години со успех го носеше дресот на Бутоп. Во два наврати ја освојуваше златната копачка (2009/2010 и 2010/2011) и собра 101 настап за нашиот клуб. Последниве години поради повреди не е во можност да помогне на фудбалскиот терен, а пред се е посветен на театарот. Му посакуваме се најубаво. Среќен роденден Јеткин!

Среќен роденден Бени

Престапните години се посебни за нашиот поранешен голман Арбен Ејуп затоа што 29 февруари е денот на неговиот роденден. Оваа година популарниот Бени наполни 32 години. Тој беше наш голман на сезоната 2011/2012, а вкупно запиша 30 настапи за Бутоп. Му посакуваме се најдобро. Среќен роденден Бени!

Егал битка и пораз на крајот

Новата сезона во Маалската лига бутопци ја започнаа со пораз во вчерашниот (29.02.2024) натпревар со Лукс кафе (3-6). Конечниот резултат е донекаде реален исход на настаните на теренот. Играта во поголемиот дел беше израмнета со шанси на двете страни, но противникот знаеше подобро да ги искористи и заслужено да слави на крајот. За Бутоп настапија Смиљковски (како голман), Димитровски, Вангеловски, Чаковски, Волчевски и Боби Вучевски кој како позајмен играч дебитираше за нас.