November, 2022

now browsing by month

 

Најдолга суша во историјата: 10 меча не знаеме за победа

Актуелната резултатска криза во која Бутоп се најде со настапите на турнирот во Љубанци, а потоа и во Маалската лига, донесе рушење на еден негативен рекорд кој стоеше осум години. Во моментов нашите момци се во серија од десет натпревари без победа, најдолг ваков период во историјата на клубот. Претходниот рекорд датираше од 2014 година кога во два наврати имавме серии од по шест натпревари без триумф, а едната од овие низи беше составена од шест порази, што и натаму е рекорд. Ремито со Белиот мачор во третото коло од Маалската лига ја прекина серијата од пет порази (три во Љубанци, па две лигашки), а од тогаш уште четири пати загубивме, или вкупно десет средби. Бутоп мора до крајот на сезоната во Маалската лига да оствари барем една победа за да не го срушиме и рекордот за најмногу порази во серија.