October, 2022

now browsing by month

 

Марио со петарда испиша историја

Марио Вангеловски стана првиот играч на Бутоп кој постигнал пет гола на турнирски или лигашки натпревар откако пред четири дена на средбата со Белиот мачор имаше фантастично издание и испука петарда во противничката мрежа. Тој истотака стана првиот со ваков подвиг во рамките на Маалската лига. Нашата златна копачка од сезоната 2016/2017 со ова најави успешна сезона и можеби рушење и на други рекорди. Претходно само двајца наши играчи имаа постигнато по четири гола на една средба од турнирски карактер: Анел Курт на 20.09.2008 против Турци ЈБТ во Железара и Кирил Смиљковски на 21.05.2018 против Гоце 2000 во Добри дол.

Бутоп го изненади фаворитот и дојде до првиот бод

Бутоп приреди изненадување на вчерашниот натпревар во рамките на третото коло на Маалската лига ремизирајќи со тимот на Белиот мачор. Конечните 7-7 ни го донесоа првиот бод иако никој не очекуваше ваков расплет пред почетокот. Бутопци се појавија со само пет играчи: Костовски поради повреда во улога на голман, Каравидов, Вангеловски, како и двете засилувања од ланскиот ривал Немилосрдни, браќата Амар и Анес Вукељ. Нашите ривали покажаа спортски ферплеј бидејќи одлучија и тие да играат 4+1 и покрај тоа што имаа доволно играчи, а се борат и за врвот на табелата. Белиот мачор брзо дојде до солидно водство (1-4), но нашите момци одлучија да не се предадат и до крај да се држат до зацртаната тактика: фокус на одбраната со низок блок и повремен посед со голман-играч и полуконтри со Вангеловски како сидро, а Амар со уфрлувања од втор план. Резултатот беше целосен резултатски пресврт и наше водство (7-5) на шест минути до крајот, кое сепак не успеавме да го задржиме во финалниот налет на радишанци. На крајот двете екипи можат да бидат задоволни, Бутоп го освои првиот бод, а Белиот мачор и покрај ремито изби на лидерската позиција на табелата.

14 години од единствениот трофеј

Поминаа точно 14 години (04.10.2008) од денот кога Бутоп го освои единствениот трофеј во досегашната историја. Тоа беше остварено на игралиштето на ОУ Григор Прличев во населба Железара во финалето на турнирот, против Турци ЈБТ. Конечниот резултат беше 6-3, а за освоениот турнир нашите играчи ја поделија наградата од 2400 денари.