March, 2022

now browsing by month

 

Бутоп загуби со луд пресврт во последните минути

Фудбалерите на Бутоп вчеравечер загубија по вторпат во четири дена од немилосрдните момци (конечни 8-10). Во натпревар со многу пресврти и промени на водството, клучни се покажаа последните три-четири минути во кои влеговме со плус еден (8-7) и пропуштивме две големи шанси да го решиме прашањето за победникот. За жал, не успеавме во тоа и следуваше брутална казна и пресврт кој ќе не боли уште некое време. За нас настапија играчите кои ги најавивме вчера, а пријатно изненади Каришиќ, кој беше наш најдобар играч на теренот.