November, 2021

now browsing by month

 

Закажан термин во Карев

Нашата управа закажа термин на теренот на СУГС „Никола Карев“ за утре (11.11.2021) во 22:00 часот. Противник треба да ни биде тимот на Дарко ФФМ, но чекаме официјална потврда во текот на утрешниот ден. Тоа треба да биде наш прв натпревар на овој терен. Повеќе информации утре, следете не.

Пресврти и многу голови, но и сигурна победа

Бутоп забележа нова победа во натпреварите против Дарко ФФМ откако синоќа (04.11.2021) беше поуспешен од стариот познаник со конечни 10-8. Средбата помина во еден опуштен ритам со отворена игра и резултатски пресврти. Судиите пружија достоен отпор, но нашето искуство надополнето со младите сили беше пресудно за конечниот епилог. За Бутоп настапија дебитантот Енис Каришиќ, Курт, Велковски, Валчанов, Шилегов и Даниел. Натпреварот се одигра на теренот од балонот кај ОУ 11 Октомври во населба Пролет со почеток во 22:10.

На 4 ноември во 11 Октомври

Насловот сам говори за тоа за каде се договоривме да се одигра денешниот термин со тимот на Дарко ФФМ. Населбата Пролет и балонот на ОУ 11 Октомври одново ќе бидат боиште за овие две екипи, натпреварот почнува во 22:10. За Бутоп ќе настапат: Енис Каришиќ, кој ќе дебитира и ќе започне на голманската позиција, како и Курт, Велковски, Шилегов, Валчанов и Даниел.  

Преговараме со судиите

Денешниов ден донесе интензивни преговори со екипата на Дарко Видиниќ за одигрување натпревар утре (04.11.2021). Сепак, кратко е времето за да се најде термин кој би одговарал на двете екипи, како и да се соберат играчи. Повеќе информации за конечното решение и евентуалниот натпревар ќе добиете утре најдоцна до 16:00 часот.