March, 2021

now browsing by month

 

Клубот 100 доби нов член

Понеделничкиот натпревар со Бутел (Илхан) ќе му остане во долго сеќавање на Кристијан Велковски, кој влезе во елитното друштво со 100 и повеќе настапи за Бутоп. Тој е седмиот играч со вакво постигнување по Костовски, Смиљковски, Каравидов, Курт, Димитровски и Фекиќ. Кико изминативе сезони стана неизоставен дел од нашиот тим и го заслужи ова признание. Пред почетокот на мечот Велковски доби подарок маичка „клуб 100“. Во скоро време очекуваме тука да му се приклучат и Костадин Колев (99 настапи) и Јеткин Сезаир (98 настапи). Честито Кико!

Среќен роденден Јеткин

Денес (02.03.2021) Јеткин Сезаир го слави својот 28. роденден. Јеткин е двократен освојувач на златната копачка од 2010 и 2011 година, а досега запиша 98 настапи за Бутоп. Полека но сигурно се враќа во препознатливата форма и најавува нови блескави партии во синиот дрес. Му посакуваме се најубаво на приватен и професионален план.

Среќен роденден Јеткин!   

Надиграни, но напуштивме со кренати глави

Вчеравечер (01.03.2021) нашите момци загубија од Бутел (Илхан Р) со 8-7. За овој тесен пораз се изборивме во последните десетина минути, а претходно противникот дојде до максимални 8-2. Почетокот на средбата донесе тврда и израмнета игра на две расположени екипи. Нашиот ривал знаеше како да ги искористи шансите за разлика од нас, па може да се каже дека оние +6 и не беа реален приказ на настаните на теренот.

Кај нас во последен момент во комбинација влезе Баркли, кој застана на голот, а настапија и Курт, Смиљковски, Валчанов, Николиќ, Велковски и Сезаир. Натпреварот се одигра во Арена Чикаго во населба Серава со почеток од 19:00 часот. Во прилог следи фотографија. Важен момент е тоа што Кристијан Велковски го одигра стотиот натпревар за Бутоп. За ова повеќе ќе напишеме утре.

Среќен роденден Бени

Арбен Ејуп денес наполни 29 години. Темпераментниот голман запиша 30 настапи во нашиот дрес, а беше голман на сезоната 2011/2012. Му посакуваме се најубаво.

Среќен роденден Бени!

Бени – најлево

Голман-играч шема, или деби на Матеј?

Бутоп вечерва (19:00, балон во населба Серава) ќе истрча на терен против старите познаници Бутел (Илхан Р) со следниов состав: Курт, Смиљковски, Валчанов, Николиќ, Велковски и Сезаир. Во опција е и Матеј, кој можеби ќе дебитира на голот.