September, 2020

now browsing by month

 

Стартот, сепак, одложен

Фудбалерите на Бутоп ќе мора да почекаат на првиот натпревар во новата сезона 2020/2021. Иако најавивме дека неделава ќе се вратиме на терените по долгата пауза, сепак мора да се стрпиме уште некој ден. Играчите се подготвени, бидете и вие. Пратете не за повеќе информации.

Среќен роденден Бутоп

Нашиот клуб денес го слави денот на своето формирање, 15.09.2007 година. Полниме 13 години, ја започнуваме 14 сезона. Години исполнети со победи, порази, подеми и падови. Но, Бутоп опстои и Бутоп и понатаму ќе биде тука.

По тој воведен натпревар со ГУ во 2007 (8-6), следеа уште три средби на овој датум. Во 2010 пораз од Припор (3-4) и елиминација од турнирот во Љубанци, спектаклот против Спорт Кафе СЦ Аеродром во 2016 на турнирот во Ново Лисиче (1-2) и победата против Дарко ФФМ (9-6) на десеттиот роденден во 2017 година.

Денес не успеавме да го организираме планираниот натпревар за старт на новата сезона и одбележување на роденденот, но секако тоа останува за во текот на оваа недела.

Среќен роденден Бутоп!

Топ вест: Додовски е член на Бутоп!

Конечно го официјализираме она што беше тема на шпекулации низ нашата населба веќе неколку месеци. Добри Додовски од вчера е дел од семејството на Бутоп. Младиот и перспективен програмер, студент на ФИНКИ, ќе ни помогне во делот на администрацијата и интернет промоцијата. Со него и досега имавме неофицијална соработка, последен пат околу некои технички корекции на амблемот. Добри изрази задоволство од постигнатиот договор: „Навистина ми е чест што станав член на овој клуб и што ќе можам да помогнам во неговиот развој. И нема потреба веќе да се „криеме“ дека сум дел од вашите идни планови“. Додовски е запознаен со проектите за наредниот период, пред корона кризата имаше можност да поразговара и со Андреј Димитровски, а Колев послужи како мост во преговорите меѓу Додо и Бутоп.

Додовски има искуство во веб-дизајнот, беше администратор на гејмерската страница noobnews, а изработува и видеопрезентации за наши, пред се бутелски, спортисти (Константин Мартиноски, Мице Шилегов, Енис Каришиќ). Ова се линковите:

Се надеваме на многу заеднички успеси и му посакуваме добредојде на Добри во ФК Бутоп!

Среќен роденден Кире!

Денес Кирил Смиљковски го прославува својот 28 роденден. Роден во Скопје, фудбалот го засакува од мали нозе и станува дел од младинските категории на Вардар. Еден е од основачите на нашиот клуб. Впрочем, со 267 настапи е втор на вечната листа и е дел од капитенската постава на Бутоп. Му посакуваме се најдобро во приватниот и професионалниот живот.

Среќен роденден Кире!

Честит Ден на независноста!

ФК Бутоп им го честита Денот на независноста на сите граѓани на нашата земја. Да живее Републиката!

Состанок на улица

Бутоп за време на целата пандемија покажува одговорно однесување, а така беше и во вторникот (01.09.2020) кога одржавме состанок под отворено небо. Поточно, на улицата Хо Ши Мин во Бутел. А каде да се одржи оваа средба кога главни протагонисти беа популарните Уличари од Топанско поле. Присутни беа Анел, Јеткин, Пинки и Адем Маровци кои со Костовски поразговараа за активностите од изминатиов летен период, но и за претстојните предизвици за нашиот клуб.

Фљорим: Не сум веќе во фудбалот

Синоќешната полноќна прошетка на релација Бутел-Чаир случајно не спои со Були (Фљорим), голман кој во месец јуни 2009 година настапи на три натпревари за Бутоп. Со него остваривме перфектен скор од три победи, а популарниот Були веднаш покажа за каков капацитет се работи. Сепак, околностите спречија продлабочување на соработката.

Неговиот стар другар Каравидов веднаш се сети: „Како коленото? Што направи со таа повреда?“

Го решив тој проблем. Бев на доста прегледи, на крај докторскиот тим на Систина ја најде вистинската дијагноза (циста), а и лекот. Сега сум океј, иако не ме советуваат вака да трчам на асфалт… – одговори Фљорим, кого очигледно го прекинавме во џогингот. „Браниш ли сега? Барем по термини?“ – го прашав.

– Не, не! Не сум веќе во фудбалот. Тешко сега и да ме вика некој, тешко да прифатам, одамна не сум бранел.

Во понатамошниот разговор дознавме дека тој сега гради нова кариера и предава физичко во основните училишта во селото Блаце на падините на Скопска Црна Гора, но и во Количани, општина Студеничани.

– Задоволен сум со мојата работа. Се трудам да напредувам, се борам. Добро е што сега децата почнуваат со наставници по физичко уште од прво одделение, ќе се отворат повеќе часови за нас. Се надевам дека годинава ќе добие нормален тек и дека ќе го положам стручниот испит. – нашиот соговорник ги сподели своите професионални очекувања и надежи.

Пријатно го изненадивме кога му кажавме дека ги имаме архивирано неговите настапи за нас и му ветивме линк од веб-страницата на Бутоп. Се разделивме пријателски. На Були му посакуваме се најдобро во кариерата и приватниот живот.

All-focus

Накратко за неговата кариера во големиот фудбал. Изданок е на славната школа на Слога Југомагнат (Шкупи) каде настапува во најмладите категории. По ова, преминува во Металург каде под палката на тренерот Пикси, а заедно со Каравидов, успешно настапува во дресот на железарската гордост.