February, 2020

now browsing by month

 

Базата поставена, одиме понатаму

Денес (03.02.2020) заврши официјалниот дел од зимските подготовки на Бутоп за оваа година. Ова беа три недели исполнети со различни активности, тренинзи, три натпревари и исто толку победи и акцент на физичката припрема. Играчите главно тренираа по индивидуални програми. Веќе од утре продолжуваме со вообичаеното темпо и сме во очекување на средбата со Екипа Чаир во редовниот термин од 21:00 часот во салата на СУГС Зеф Љуш Марку.