February, 2019

now browsing by month

 

Андреј се приклучи на денешниот тренинг, на менито фудбал и американка

Андреј Димитровски не можеше да издржи да не одработи барем еден тренинг од овие зимски подготовки, па денес во последен момент се приклучи на претпоследниот ден од официјалната програма. Попладнево присутни беа и браќата Смиљковски, Каравидов, Николиќ, Костовски и неколку младинци. Прво одигравме фудбал во мешани состави, а потоа и една американка. Димитровски веќе утре се враќа во Софија, а се надеваме дека следниот пат кога ќе дојде ќе може да го запише својот 244 настап за Бутоп. Утре од 14:30 на теренот во ОУ Живко Брајковски ќе започне последниот тренинг од официјалниот дел на зимските подготовки 2019.

Фудбал на посед – Чаир конечно падна

Екипа Чаир синоќа (03.02.2019) го положи оружјето пред нашите момци. Бутоп победи со конечни 9-4 на тој начин прекинувајќи ја непријатната серија од три порази од овој противник. Лекот бил игра на посед на топката. Уште од самиот почеток ја презедовме иницијативата и имавме водство, 2-0, 4-1. Следеше единствениот пад во играта, кога чаирчани дојдоа и до егал, 4-4. Во тие моменти се истакнаа можеби најдобрите поединци вчера кај нас, Грмуш кој извади неколку зицери и Вангеловски кој диктираше во нападот кога најмногу требаше. Не заостанаа ниту Велковски, Костовски, Каравидов и Ристе кои одлично си ја завршија работата. Натпреварот се одигра во салата на СУГС Зеф Љуш Марку со почеток во 20:00 часот.

Вечерва камбек и на Велковски

Ова е составот на Бутоп за вечерашниот натпревар против Екипа Чаир:

(12) Кирил Ѓоргиев – Грмуш (г)

(4) Дарко Костовски

(10) Кристијан Велковски

(11) Кристијан Каравидов

(70) Марио Вангеловски и

(73) Ристе Валчанов.

За одбележување е камбекот во тимот на Велковски, кој слично како и Вангеловски и Смиљковски се враќа по подолга пауза. Тројцата немаа настап за нашиот тим во есенскиот дел од сезонава, а последен пат играа за Бутоп на спасовденскиот турнир во Добри Дол минатиот мај. Се надеваме дека зголемената конкуренција позитивно ќе влијае на сите играчи и дека формата на тимот ќе оди само во нагорна линија.

Месец јануари низ историјата

Штотуку завршениот јануари беше еден од најактивните и најплодни месеци за нашиот клуб. Вообичаените подготовки засега течат според планот, па беа збогатени со четири натпревари во кои остваривме скор од една победа, нерешено и два порази. Досега низ историјата Бутоп одиграл вкупно 21 средба во јануари, со одличен скор од 16 победи, 1 реми и 4 порази и гол разлика 143-106.

Денес дел од првотимците го искористија убавото време и направија велосипедска „тура“ на релација Бутел – Бразда – Визбегово – Бутел. Активностите продолжуваат утре за кога е закажана средба со тимот на Екипа Чаир, почеток 20:00 часот, сала Зеф Љуш Марку.