May, 2018

now browsing by month

 

Конечен список

Сите првотимци го потврдија своето учество на турнирот во Добри Дол, па конечниот список на ФК Бутоп ќе изгледа вака:

1 Костадин Колев

2 Андреј Димитровски

4 Дарко Костовски

7 Кирил Смиљковски

8 Анел Курт

10 Кристијан Велковски

11 Кристијан Каравидов

70 Марио Вангеловски

За денешниот натпревар со тимот на Академци (кој ќе се одигра во 19:20 доколку дозволат временските услови) ќе недостасува само Смиљковски.

Почнуваме утре во 19:20!

Бутоп утре (вторник, 15.05.2018) го има својот прв настап на турнирот во мал фудбал во Добри Дол 2018. Почетокот на овој натпревар е закажан за 19:20 часот.

Познати противниците во Добри Дол

На денешната ждрепка што беше одржана во 20:00 часот, Бутоп ги дозна своите противници во групната фаза од турнирот во Добри Дол. Тоа се: Академци, Припор и Дељадровци. Според пропозициите, две екипи одат понатаму од секоја од четирите групи, а потоа во четвртфиналето се преминува на нокаут систем. Ние утре не играме.

Фотографијата подолу е од ждрепката за првиот турнир Скопје 2012 во СЦ Ново Лисиче (Дупка) чија историја, како што веројатно знаете, започна токму со натпреварот Бутоп – Триглав Осигурување.

Бутоп ќе настапи на турнирот во Добри Дол

Денеска пристигна среќна вест за фановите на нашиот тим. ФК Бутоп пријави учество на Спасовденскиот турнир во Добри Дол 2018. Ждрепката за групната фаза ќе се одржи утре (13.05.2018) во 20:00 часот. Повеќе информации за самиот турнир, но и за нашиот состав очекувајте веќе од утре на нашиот вебсајт, а засега речиси сите првотимци се одзваа на повикот и се подготвени за овој предизвик.

Нов пораз од момците на Даре Николиќ

Вчеравечер (09.05.2018) Бутоп доживеа уште еден пораз од екипата на Криминалисти, со конечен резултат 12-8. Овојпат се одигра натпревар со сосема солиден квалитет и неизвесност. Во текот на целиот меч имаше пресврти, како играчки, така и резултатски. Сепак, концентрацијата на Бутопци попушти кон крајот и тоа значеше неизбежен пораз. За нас настапија сите седум играчи кои беа најавени во текот на вчерашниот ден. Средбата се одигра во балонот кај ОУ Рајко Жинзифов во Топанско од 20:00 часот.

Вечерва Криминалисти паѓаат во стапица?

Бутоп вечерва (20:00, балон кај ОУ Рајко Жинзифов) ќе ја има третата шанса за конечно да оствари триумф над тимот на Криминалисти. Во претходните два меча забележавме пораз и нерешено, но овојпат тимот е решен да дојде до победата. Составот за денешниот натпревар е:

1    Никола Анастасовски Баркли

2    Андреј Димитровски

4    Дарко Костовски

7    Кирил Смиљковски

8    Анел Курт

10  Кристијан Велковски и

70  Марио Вангеловски

Бутопци на Скопскиот маратон

Како и секоја година, фудбалерите на Бутоп во неделата (06.05.2018) земаа учество на најмасовната спортска манифестација во земјава, Скопскиот маратон. Тројца наши членови финишираа на најкратката делница од пет километри: Дарко Костовски (24:25), Андреј Димитровски (26:05) и Кирил Смиљковски (30:21), а Анел Курт не настапи иако беше уредно пријавен на истата трка.