June, 2017

now browsing by month

 

Успешно завршена операцијата „Кире“

Во текот на вчерашниот ден Кирил Смиљковски постигна договор со Бутоп да биде дел од претстојните планирани турнирски активности на нашиот тим. Ова е супер вест за сите нас и за нашите фанови кои ќе имаат можност повторно да ја гледаат легендарната „седумка“ во елемент.

Честито Вардаре!!!

Бутоп упатува честитка на РК Вардар за освоената европска ракометна титула. Деновиве исполнети со радост, гордост и прослави на европската титула ви ги должиме вам.

Ви благодариме!

 

Марио е меч винер!

Марио Вангеловски е меч винер за Бутоп! Нашиот тим го започна овој месец со победа во драматична завршница во четвртокот (01.06.2017) против Албион Север. Конечниот резултат 9-8 го постави Штаката на четири секунди пред крајот откако по двојното проигрување со Даре Николиќ ја затресе противничката мрежа. Ние бркавме резултат речиси постојано во текот на мечот, но упорноста овојпат се исплатеше, иако треба да се признае дека за ваквиот расплет влијаеше и фортуната која изгледа беше на наша страна. За Бутоп своето деби на голот го имаше Драган Чадиковски – Драгче, а играа и Костовски, Мето Смиљковски, Николиќ, Вангеловски и Каравидов.